Борба против Лажни вести

Што е дезинформација?

Дезинформацијата во основа неточно информира. Станува збор за грешка или незнаење на факти при претставување на определена вест или информација поради што содржината (веста) се пренесува неточно.

Дополнително, дезинформацијата често се произведува и со намера, определена информација да не не биде пренесена точно, туку свесно да се употреби со манипулација во толкувањето за да, пред се предизвика, насочување на јавното мислење по потреби на креатор на таа манипулативна дезинформација.

Многу често, како и лажните вести, дезинформациите се користат во пропаганда за определни политички или бизнис цели, како и за цели на определени интересни групи.

Дезинформацијата може како што е напоменато да биде свесно создадена со криење или извртување на факти или пак ненамерно да се објави поради незнаење на определени факти кои или не се познати и откриени до моментот на известување или пак не му биле познати на известувачот/новинарот/репортерот во време на известувањето.

Поради рапидниот раст на употребата на терминот „лажни вести“ и се пошироката дефиниција, дезинформацијата полека станува составен дел на пошироката дефиниција на „лажна вест“.

Како пример за дезинформација може да послужи пренесувањето на информацијата од грчките медиуми по насилниот инцидент пред фудбалскиот натпревар АЕК (Атина)- Динамо (Загреб) кога беше убиен еден грчки навивач. При апсење на хрватски навивач на граничен премин, грчките новинари објавија дека станува збор за осомничениот за убиството иако истрагата се уште не беше завршена во тој момент ниту беше познато кој е осомничен.

Конкретната дезинформација се потпира на факт (вистина) дека еден хрватски навивач е уапсен кој дополнително е надграден со неточна содржина дека е осомничен за убиство. Таков факт дотогаш ниту бил откриен ниту бил познат на известувачите но е пренесен или како ненамерна грешка или како манипулација.

Тука се доаѓа до главната разлика меѓу „лажна вест“ и „дезинформација’. Првото е измислена и искреирана содржина без факти додека втората се темели на факт, но е продлабочена со неточна содржина.

Ефектот и последиците и на двете се исти, предизвикуваат (главно како цел) поголемо внимание меѓу публиката за да ги доведе во заблуда, погрешно да го насочи јавното мислење, измами или штета врз нечиј углед.

Што е лажна вест?

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во војна кој нарачува лажни анктети, а кој лажни документи

Дејан Дејан

СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа на пропагандата од груевизмот, опозицијата најави тужба за клевета за лажни вести со фалц документи презентирани од владеачката партија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе