Борба против Лажни вести

Што е лажна вест?

„Тоа е лажна вест“- ваква констатација често може да се слушне во говорот кој го користат пред се политичарите и функционерите кои практикуваат власт на секое ниво во Македонија.

Следбениците и приврзаниците на личностите кои јавно ќе изнесат ваков став секогаш без некој поголема критичка анализа, прифаќаат дека тоа навистина лажна вест и без разлика на се, таа информација не ја прифаќаат како точна.

Сепак ова е второ ниво, ниво на одбрана при употреба на терминот лажна вест. Лажна вест или синонимот лажна информација всушност не би требало да постојат, тоа е израз, неологизам, нов збор, кованица која што во основа е оксиморон. Оксиморон постои како стилска фигура во поезијата, па дури и во јавниот говор кога со изрази од зборови со сосема спротивно некомпактибилно значење се покажува нешто трето за да се потенцира или истакне.

Оксиморон, на пример е „темна светлина“, бидејќи светлото ја исклучува темницата како своја карактеристика, но понекогаш се употребува. Во категоријата на оксиморони, лесно може да се смести и „лажна вест“ бидејќи вест по дефиниција е содржина базирана и создадена од вистина и факти. Но, ширењето и употребата се почесто во дигиталното доба во втората и третата деценија од 21-от век успешно го наметна оксиморонот „лажна вест“ да стане дел од секојдневниот речник.

Дефиниција на лажна вест 

Најкратката дефиниција на лажна вест е токму поврзана и од оксиморонската дефиниција на изразот- Лажна вест се неточни или погрешно пренесени информации содржини кои се претставени како вести.

Лажните вести се намерно изработени, сензационални, емоцинално употребливи, погрешни или целосно измислени информации што го имитираат обликот на секојдневните, професионално подготвени и објавени вести. Секако и при оваа дефиниција има уште еден судир, информација односно вест значи вистина односно факт, но сепак модерниот живот придонесе секаде каде можеби подобро би требало да стои „содржини“ во дефинициите за лажна вест стои информации.

Целта на лажните вести се да му наштетат на угледот на определно лице, компанија, ентитет или држава; да влијаат врз јавното мислење за определно прашање или да заработат пари преку продажба на реклами или користење на содржините кои се лажни вести.

Терминот нема прецизна дефиниција, но како историски почеток на користење на таа појава се зема крајот на 19-тиот век кога во западниот свет, понудата на медиумите, тогаш имало само весници се зголемува со појава на таканаречениот „жолт печат“-сензационалистички весници. Во недостиг на доволно содржина, овој вид на весници ангажирал автори кои биле задолжени да измислуваат вести (содржини) кои што би биле примамливи за публиката кои би ги купувале весниците. Тоа е прво медиумско користење на „лажните вести“, иако претходно лажни вести биле користени во војна, во политика, во бизнисот.

Големиот бум на лажните вести

Најголем бум на лажните вести носи брзиот и ефикасен развој на дигиталната технологија и интернетот особено на социјалните мрежи како Фејсбук. Втората деценија на 21-от век е златно доба за развојот на индустријата со лажни вести кон која се свртуваат значајни финансиски средства. Добар пример за тоа се и американските претседателски избори во 2016-та година (Доналд Трамп и Хилари Клинтон) кога всушност беше докажано дека лажните вести, објавени на социјалната мрежа Фејсбук; особено за кандидатката Клинтон имаат поголем опсег и влијание врз гласачите отколку вестите создадени на професионален начин и со метода на проверка.

Во тој период, особено беа актуелна и младите жители на Македонија, пред се од Велес, кои успеаа да искреираат стотици веб сајтови со лажни вести за претседателските кандидати во САД и да заработат големи суми, преку делење на парите од маркетингот на интернет пребарувачите кои на сите содржини дополнително ставаат реклами, а приходот го делат преку бројот на отворање на определена дигитална содржина на веб сајтот.

Лажната вест имаше масовна употреба и при кампањата за Брегзит во Велика Британија, војната во Украина отвори дополнителен фронт на битка со лажни вести во дигиталната сфера. Во Македонија често се користеше и поминуваше како вистина (факт) кога на политичката агенда има сериозни прашања за кои постои поделено мислење во општеството (еден од примерите е и францускиот предлог за преговорите со ЕУ) или пак се користат за креирање на поделби по етничка, национална, линија на сексуална определба (како на пример, заплашувањето со населување на мигранти-бегалци од Африка и Азија).

Терапијата за оваа модерна појава е превенција со образование и обука за дигитална писменост преку што луѓето, пред се најмладите би дознавале како да ги разликуваат вистинските од „лажните“ вести и зголемена внимателност со користење на разни дигитални алатки кои успешно би ги разоткривале или би спречиле ширење на лажни вести. Ефикасна законска казна не постои бидејќи секое законско регулирање на оваа област претставува и ризик за намалување на слободата за јавно изразување и можност за злоупотреби на владини структури, како и други ентитети, во борба против неистомислениците.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во војна кој нарачува лажни анктети, а кој лажни документи

Дејан Дејан

СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа на пропагандата од груевизмот, опозицијата најави тужба за клевета за лажни вести со фалц документи презентирани од владеачката партија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе