Борба против Лажни вести Вести Македонија Најважни

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во војна кој нарачува лажни анктети, а кој лажни документи

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во отворена војна кој шири лажни вести. Социјалдемократите ја обвинија опозицијата за нарачување и пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, за манипулација со граѓаните и злоупотреба на медиумите, на што од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека документот кој го објави владеачката партија, со наводен оперативен план на партијата за пласирање на лажни анкети, е фалсификат, кој не одговара на реалноста.

СДСМ објави документ со кој го обвини штабот на ВМРО-ДПМНЕ за пласирање на лажни анкети за јавното мислење на јавниот радиодифузер – МТВ.

За лажните анкети и лажните вести освен одговорните од Центарот за комуникации во ДПМНЕ задолжен е и Владимир Божиновски, меѓу задолжените е и Зоран Ставревски, но и директорот на МТВ, Марјан Цветковски. Оперативниот план го содржи она што и реално се случуваше и се уште се случува. Предвидува креирање на емисии двапати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ, изјави Дарко Каевски, портпарол на СДСМ.

Во документот кој го лиферуваше СДСМ се наведува дека, согласно одлуката на Извршиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржан на 5 декември 2024 година, а поврзано со првата седница на Републичкиот изборен штаб, бил креиран оперативен план за изборите со таргетирање на граѓаните со целна група неопределни, при што за реализација во делот на избирачки сиписок е наведено името на Александар Даштевски, потоа, членството, администрацијата која била вработена од 2006 до 2016, пензионерите, болните и изнемоштените, пришто за реализација со списоци и бази на податоци за туѓа нега е наведен Ѓоко Велковски.

Во документот има и графа „ПР-медиуми“, при што е наведено месечно објавување на анкети, лажни вести, теренски активности, при што за анкетите во графата реализација е навeден Владимир Божиновски, а за креирање лажните вести, Коче Гаврилов.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека документот кој го објави СДСМ е фалсификат.

Потписите кои што би требало да стојат зад имињата на фалсификуваниот документ се целосно измислени и некореспондираат со реалните потписи на извесни луѓе. Имињата и презимињата на фалсификуваниот документ или се неточни или не постојат такви лица. Трето, датумот на фалсификуваниот документ е 5 декември 2024 година, осум месеци во иднината од денеска, изјави Наум Стоилковски, портапрол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Бихачка на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека документот е фалсификат најавија дека во периодот што следи ќе ја докажат автентичноста на документот.

Овие документи кои што се доставени до нас се објавени онака како што се доставени и во периодото што следи, јавноста ќе има можност да се запознае, односно ќе бидат објавени уште документи коишто ја потврдуваат автентичноста на овие документи, вели Каевски од СДСМ.

Од Белета палата, пак, најавија тужба за клевета и за фалсификување на документи.

За вакви груби лаги од СДС ќе следи тужба за клевета и тужба за фалсификување на документи, најави Стоилковски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска не открија со кои се агнеции за истражување на јавното мислење досега соработувале и дали меѓу нив е и ИПИС.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе