Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 15°C, а максималната од 23 до 28°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
10 Попова Шапка, Лазарополе, 11 Берово, 12 Маврови Анови, 13 Крушево, Крива Паланка, 14 Битола, Охрид, 15 Прилеп, Виница, Струмица, 16 Штип, Дебар, Кавадарци, Претор, 17 Дојран, Велес, Куманово, Демир Капија, Гевгелија, Скопје-Петровец, 18 Тетово, Скопје-Зајчев Рид.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
14 Берово, 8 Лазарополе, 7 Штип, 3 Струмица, 2 Куманово, Битола, Демир Капија, Кавадарци, 1 Крива Паланка, Крушево, Маврови Анови, Гевгелија.
Забелешка: Количините на врнежи се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 17.0, Преспанско Езеро 15.0, Дојранско Езеро 22.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
