Вести Македонија Топ вести

Битолската полиција трага по осомничен за подметнување на пожарите во Стрелиште

Битолската полиција трага по возрасен маж кој е можен подметнувач на  пожарот во битолската  населба Стрелиште, откако битолчанец сведочел дека видел сомнитeлно лице на местото каде најпрво избувна огнот. Потоа плaмените јазици се проширија низ овој дел од Битола и стигнаа до куќите и подрачното училиште каде е сместена и градинка.

Но, пожарникарите не дозволија огнот  да го зафати објектот и предизвикана е незначителна штета.

Локацијата е меѓу две бензиски станици, па постоеше исклучително голема опасност од овој пожар, поради што битолските пожарникари заедно со граѓаните интервенираа за брзо гаснење на огнот.

 -За гаснење прво се вклучи локалното население, пожарната дојде за краток временски период. Но, за 5 минути цел рид изгоре и дојде до куќите, стигна  до градинката, но со брза интервенција се спаси. Многу страшна беше цела ситуација, за кратко време дојде до куќите. Има сомнение дека е подметнат пожарот. Се уште се чувствува миризба и летаат саги околу нас секаде, вели Јован Штрковски, жител на населба Стрелиште во Битола.

Вчера во Битола за само неколку часа имаше над десетина пожари на различни локации со кои се бореа пожарникарите. Освен во битолското село Крклино каде изгореа 8000 бали сено, на другите опожарени локации  немаше   големи материјални штети, затоа што гореа стрништа и ниска вегетација, но сепак пожарите, за кои  полицијата се сомнева  дека се подметнати,  во опасност ја доведоа цела Битола.

На пожарникарите за справување со пожарите им помогна и дождот што попладнето заврна во Битола, кој пак беше проследен со силен ветер, а невремето предизвика незначителни материјални штети низ градот. Екипите на јавните претпријатија до доцна синоќа интервенираа на отстранување паднати дрвја и контејнери.

Инаку, како што известува ЦУК,  на територијата на цела држава во текот на вчерашниот ден имаше над педесетина пожарии на отворен простор кои повеќето не се проширија поради брзата интервенција на пожарникарите.

Покрај пожарите во Битолскиот регион, гореше сува трева и вегетација во Скопско, Струшко, депонијата Буково во Охрид, потоа во Македонски Брод, Велешко, опожарена беше  борова шума кај  Демир Хисар, а пожари имаше и во други региони.

Потоа настапи невреме со дожд што значително го намали ризикот од пожари,  но времето ќе се стабилизира, а а температурите ќе бидат во пораст, поради  што ЦУК предупредува дека е потребно будно следење на ситуацијата и интензивна комуникација на сите чинители за последиците од можни нови пожари да се сведат на најниско ниво.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе