Вести Свет Топ вести

Уште 19 години затвор за Алексеј Навални – судот во Русија го прогласи за виновен за екстремизам

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е осуден на 19 години затвор по обвинението за екстремизам. Одлуката ја донесе судот во Русија кој го прогласи за виновен за формирање и за финансисрање на екстремистички организации и активности, пренесува „Би-Би-Си“. Навални, кој веќе служи деветгодишна затворска казна за прекршување на условната слобода, измама и непочитување на судот, ги отфрли обвинувањата.

Новите обвинувања против Навални се однесуваат на активности на неговата Фондација за борба против корупција и изјави на неговите највисоко позиционирани соработници, додава АП.

Руските власти во 2021 година забранија делување на фондациите и мрежите од канцеларии на Навални во руските региони, нарекувајќи ги екстремистички организации. Навални беше уапсен во јануари во 2021 година, по враќањето во Москва, откако во Германија се опоравуваше по труење со нервен агенс. За тоа го обвини Кремљ од каде негираа вмешаност во случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе