Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Шојгу ја посетил воената комадна во источна Украина, Москва објави видео

Руската војска објави видео на кое е прикажано како министерот за одбрана на земјата, Сергеј Шојгу, е во посета на командниот центар во Украина.

Во соопштението на Министерството за одбрана се вели дека тој бил информиран во штабот на воената „западна“ групација на сили, распоредени на западното крило на Русија, на неодредена локација во Украина.

Шојгу го прегледа и заробеното шведско пешадиско борбено возило ЦВ-90, соопшти Министерството.

Во соопштението се вели дека тој и се заблагодарил на командата за спроведувањето на успешните офанзивни операции во областа Лиман и за заземањето „поповолни“ позиции за руските трупи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе