Вести Македонија

Измените на Законот за ДДВ по скратена постапка во Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања денеска ќе ја продложи 59. седница на која на дневниот ред е Предлог законот за измена и дополнување на Законот за данок на добивка, во скратена постапка.

– Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка е усогласување со Директивата 2016/1164 на Советот на Европската Унија од 12 јули 2016 година за утврдување правила против практиките за избегнување данок кои директно влијаат врз функционирањето на внатрешниот пазар, како и препораките од Европската Комисија и од меѓународните финансиски институции, се вели во образложението.

Стои и дека со предметниот закон се пропишуваат законски решенија кои придонесуваат за намалување на административниот товар на даночните обврзници и на Управата за јавни приходи, проширување на даночната база, преку таргетирање на даночните ослободувања и олеснувања во постојниот систем на данокот на добивка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе