Вести Македонија

Метеж и нервози, зголемен број возила во Тетово, но и сообраќајни прекршоци

Иако возењето низ тетовските улици им предизвикува нервози, сепак голем дел од граѓаните не се откажуваат од автомобилите. И во најголемите гужви, кои се интензивирани поради доаѓањето на иселениците, се добива впечаток дека и до најблиското место се седнува зад волан или само за „прошетка“. За да се стигне до одредена локација потребно е двојно повеќе време од просечното.

Oд влегувањето таму некаде кај Штуловиот универзитет до центар ми треба најмалку 40 минути, тоа е многу. Создава нервози кај возачите, создава безредија. Претпоставувам дека повеќето и немаат некоја работа туку само да направат некој круг“, велат граѓаните

„Јас кога излегувам од дома до центар возам повеќе од половина час“, вели друг жител на Тетово

Сообраќајната полиција со полни раце работа. Секојдневно санкционираат прекршоци кои ги прават возачите, а заедно со општинската „пајак“ служба подигаат непрописно паркирани возила, зашто постоечките паркинг места не ни далеку од доволни.

„Од 20 до 30 најмалку возила на ден подигнати поради погрешно паркирање. Секојдневно над 50-тина возила кои се санкционираат поради пречекорување на брзината и по 10 до 15 мотоцискисти се санкционираат за прекршоците. Можам да ги спомнам исто така и последните две акциски контроли за управување возила под дејство на алкохол каде имавме по 20-тина исклучени возачи“, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

До полицијата стигнуваат пријави од граѓани за собирања на група луѓе на излезот од градот за можно организирање диви трки со автомобили. СВР Тетово веќе се исклучил од сообраќај 14 возила, половина со странски таблички, кои создавале поголема бучава или поради чкрипење со гумите од страна на лицата кои ги управуваат.

„Лица кои се сомничат дека се можни организатори или можни учесници во такви трки, веднаш значи се препознаваат тие возила по звукот на возилото при стартување и истите се одземени од сообраќајката полиција и упатени на технички преглед“, додава Реџепи

На тетовското подрачје има над 40.000 регистрирани возила, дополнително во летниот период сообраќаат и голем број автомобили со странски регистерски таблички.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе