Вести Свет

Земјотрес од 5,5 рихтерови степени ја погоди Адана во Турција – нема информации за жртви или штета

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди централна Турција.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), јавува дека земјотресот го погодил регионот на градот Адана во 8 часот и 44 минути по локално време. Потресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар во Козан.

Турските медиуми јавуваат дека луѓето панично бегале од домовите, но според локалните власти освен паниката кај населението, не е причинета поголема материјална штета, освен оштетени неколку плевни. нема информации за жртви или пак урнати згради.

Изминатитот период Турција е подложна на серија помали потреси по големиот и разорен земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала што на 6 февруари ги погоди неа и Сирија. По овој, следуваше уште еден силен земјотрес со јачина од 6,7 степени.

Силниот земјотрес однесе над 50 000 животи и предизвика огромна материјална штета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе