Вести Свет

Со солзавец и водени топови по демонстрантите, уапсени 22 лица во Тел Авив – протести во Израел

Судирите меѓу израелската полиција и демонстрантите продолжија и во текот на ноќта ширум земјата, по усвојувањето на законските измени во судството. Дваесет и две лица беа уапсени синоќа на протестите во престолнината Тел Авив, каде полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Против измените што ги предложи владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, голем дел од граѓаните протестираат веќе седум месеци. Со нив се предвидува ограничување на овластувањата на Врховниот суд, со одземање на неговото право да укинува закони и владини одлуки за кои ќе одлучи дека се неразумни.

Владата тврди дека со тие измени се поправа грешка во самиот систем која го нарушува балансот во поделбата на власта, додека пак опонентите на измените обвинуваат дека со нив всушност се менува системот од демократски во авторитарен.

Опозицијата веднаш најави дека измените ќе ги оспори пред Врховниот суд додека резервистите во израелската армија и авијација порачаа дека ќе се јават на служба ако законските измени не бидат откажани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе