Вести Свет

Исфрли вода, удри со крило во дрво и почна да понира – канадер се урна на Евија

Авион, кој учествувал во гаснење на пожар на грчкиот остров Евија, се урна денеска, потврдија грчките власти. Грчката национална телевизија објави снимка од моментот на уривањето на авионот, на кој може да се види канадерот, кој летајќи многу ниско исфрла вода директно врз пожарот, но со десното крило удира во врвот на дрво по што може да се забележи дека му паѓа и дел од крилото. По ударот авионот започнува да понира во десно и се урива во подножјето на ридот, при што се гледа кревање на огнена топка.

Топлотниот бран кој го зафати целиот регион на Медитеранот предизвика стотици активни пожари во Турција, во Грција, во Хрватска, во Италија, во Алжир, во Тунис и во Северна Африка. Грција прогласи вонредна состојба поради висок ризик од избивање на шумски пожар на островот Крит, додека на Родос локалните власти евакуираа цели села кои беа под директна закана од огнот. Таму каде што пожарите се изгаснати, локалните жители, обучувани од пожарникарите, се организираат и стражарат против нивно ново избивање.

„Се соочуваме со нова реалност. Веќе 12 денови во исто време избиваа во просек по 50 нови пожари дневно. Тоа значи дека во изминатиов период избија над 600 пожари“, изјави Павлос Маринакис, портпарол на грчката влада.

Ништо помалку сериозно не ниту на Сицилија, каде регионалната престолнина Палермо е под опсада на пожарите. Островот, како и јужна Италија, изминатиот период се подложени на екстремно високи температури. Пламените стигнаа до аеродромот во Палермо, кој од синоќа мораше да биде затворен, додека пак половина од јавниот превоз во градот не функционира бидејќи помеѓу високите температури и пожарите, возилата се прегреваат. Властите евакуираа неколку приградски населби на Палермо, а медицинска помош побарале 200 лица поради вдишување на чад.

Експертите сметат дека двата топлотни бранови кои ја зафатија Европа летово немаше да бидат можни без влијанието на климатските промени. Тие забележале дека топлотниот бран кој го погоди континентот минатиот месец бил за дури 2 целзиусови степени потопол а можноста за неговото појавување биле зголемена дури за сто пати поради човечкото влијание врз климатските промени.Податоците за моменталниот топлотен бран сѐ уште се обработуваат, но се очекува и тие да бидат исто толку поразителни.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел со предупредување до луѓето во Рафа „копнена офанзива е неизбежна“

Дејан Дејан

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе