Вести Македонија Топ вести

Секоја година во земјата има по 30-на жртви и околу 2.000 повредени на работните места

Сѐ уште трае истагата за несреќата во тетовска Шипковица за двајцата работници кои ги загубија животите, откако врз нив паднал потпорен ѕид. Во текот на овој месец беа регистирани и неколку случаи на повредени работници, 23-годишник во продажен објект во Гостивар, 44-годишник во фабрика во Пехчево и други.

Според податоците со кои располага Македонското здружение за заштита при работа лани имало 22 смртни случаи и 147 повредени работници. Во просек во земјава годишно има по 30-тина жртви и до 2 000 повредени, вели Милан Петковски од ова Здружение.

Приближно 4 вработени или 3,77, да бидам поточен, го губат животот на работно место на 100 000 вработени во Македонија, додека тој сооднос во ЕУ е некаде 2, 11 работници гинат на работните места. За споредба тоа значи дека двапати е поверојатно дека ќе загинете или потешко ќе се повредите на работното место во Македонија отколку тоа што би се случило во рамките на ЕУ, рече петковски.

Петковски дополнува дека и само 20 проценти од вкупното население врши систематски преглед. Македонскиот работник заминува од земјава не само што е слабо платен, туку и поради тоа што се чувствува небезбеден на работното место.

Имаме цела палета на фирми во Македонија кои почитуваат, дури и надминуваат она што го препорачува, или го посочува Законот, како минимални побарувања во однос на безбедноста и здравјето при работа, но исто така имаме огромна армија на фирми кои едноставно ги прават работите само за да поминат пред инспекција, штом ја имаме таа ситуација ги имаме и овие резултати, вели петковски.

Ослободување од работа на најранливите категории население, во услови на тополотен бран, препорача ресорното Министество, па согласно тоа од вкупно 41 инспекциски надзор на 20 јули, државните инспектори за труд изрекле 1 решение за забрана за работа, за затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот и 3 решенија со наредба за почитување на препораките.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе