Вести Македонија Најважни

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Една по една Европскиот фронт ги губи тужбите до Управниот суд против Државната изборна комисија (ДИК) која уважи приговори дека во седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица имало нерегуларности. Судот во маратонска расправа работи на петтата тужба исто до коалицијата предводена од ДУИ. До полноќ ќе се знае конечниот исход од сите седум тужби кои се однесуваат на исто толку избирачки места. Но, ако се суди по досегашниот исход односно четири одбиени тужби, Државната изборна комисија уште утре може да донесе самостојна одлука со мнозинство од членовите дали ќе се прегласува во избирачките места на кои беа лоцирани аномалии, а Управниот суд донесе одлука во корист на комисијата.

Доколку Управен доцна по полноќ ги одбие сите тужби на Европски Фронт, гласањето одново би се закажало на 22-ри мај. Ако се погледне резулатот од парламентарните избори на овие гласачки места евидентно е дека постојат можности исходот да ја промени распределбата на пратенички мандати. Односно коалцијата предводена од ДУИ да загуби еден во петка и еден пратеник во шестата изборна едница, при што СДСМ наместо 18 ќе предводи со 19 пратеници како втора политичка опција, а Вреди би профитирал исто со еден пратеник. Но, токму ваквите калкулации се причина ДУИ и нивните партиски претставници да тврдат дека постизборно се одвива изборен инженеринг на сметка на Европски фронот во договор на останатите политички опоненети. Од друга страна, Арбен Таравари од Вреди изрази сомнеж дека ДУИ има влијание во Управниот суд.

На прозивките се одѕва и претседателот на судот кој ги отфрли обвинувањата за пристраност при носењето на одлуките што, пак, е евидентно и од досегашниот исход од денешните расправи. За претседателот на Управен, Сејдини политичките коментари се притисок врз судот.

Од друга страна, притисоци пријавија и членовите на Изборната комисија. Понижувани, навредувани, изложени на неосновани и непримерени политички притисоци и закани со кривична одговорност. Вака се чувствуваат претседателот на ДИК, Александар Даштевски и пет члена на Комисијата, сите освен потпретседателката Дитмире Шеху. Загрижени се дека е можно нападите, прозивките и навредите да преминат во лични напади на нивната сигурност. Велат дека нивната загриженост е продуцирана од изјави на партии и од високи владини функционери во врска со постапувањето по приговорите.

„ДИК уверува дека изборите се спроведени професионално и транспарентно, а по приговорите постапувала со највисок степен на интегритет и со проверка на изборниот материјал. За сите недопуштени напади, притисоци и мешање на одредени партии и на поединци од техничката Влада, членовите на ДИК ја известиле амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР, Џилијан Стрик“, се наведува во дописот на повеќето од членовите на ДИК.

Вчера, техничкиот премиер Талат Џафери обвини за изборен инженеринг со договор и надгласување во ДИК, за да се прифатат некои приговори и да се изменат изборните резултати. Пред Џафери, слични ставови искажаа министерот Бујар Османи и други партиски функционери на ДУИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе