Вести Македонија Топ вести

Калајџиев: Кризата во Идризово може да се ублажи само со нова амнестија!

Идризово e најлош затвор во Европа, затвореници живеат во нехумани и деградирачки услови, одлежувањето една година затвор во Идризово е еднакво на една ипол година во нормални затворски услови смета универзитетски професот по кривично право Гордан Калајџиев.

Според него кризата во Идризово може да се ублажи само со намалување на казната на затворениците односно со амнестија.

Калајџиев е на ваков став бидејќи како што вели не гледа дека во догледно време би бил изграден нов затворски објект кој би им понудил на затворениците човечки услови за издржување на затворската казна. Најавите дека ќе се изгради нов објект каде би биле сместени затворениците се стари повеќе од две децении.

Според професорот со евентуалната амнестија би требало да бидат опфатени сите затвореници бидејќи како што вели по одлежани 20 години во затвор затворениците не се веќе истите луѓе.

Смета дека тоа би било најправедно. Неговите сугестии се дека би било добро доколку на лицата кои се осудени на долгогодишни затворски казни тие да им се намалат барем до 20 отсто, а на тој начин затворот би се растеретил од моменталната пренатрупаност.

Покрај лошите услови за живот затворот повеќе од еден месец е во кризна состојба поради недостиг на персонал, а затворениците ги чува полицијата и војската. Војската ги чува ѕидините, полицијата е задолежна за капијата и безбедноста внатре, но кога ќе пристигне обучен кадар не се знаае.

Владата ги задолжи Упрвата за санкции, Министерството за правда да седнат на маса за сите формалности од оглас до обука, а Министерството за финасии да даде пари за идните вработувања. Меѓувреме министерот за внатрешни реботи тврди дека ситуацијата е целосно под контрола.

Додека Идризово се споредува со Холивуд по сценаријата за бегство, од ранување до неколку метарски тунел, безбедноста е во втор план по лошите услови за престој, состојба која ја забележа и Народниот правобранител при последната посета.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди и локална нестабилност – Временска прогноза за 20.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе