Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15°C, а максималната од 23 до 28°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
8 Попова Шапка, 11 Лазарополе, 12 Крушево, Маврови Анови, 14 Берово, Претор, Крива Паланка, 15 Охрид, Прилеп, Виница, Битола, 16 Дојран, Тетово, Кавадарци, Дебар, Штип, Струмица, Куманово, Демир Капија, Гевгелија, 17 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
38 Охрид, 27 Маврови Анови, 23 Крушево, 17 Лазарополе, 16 Штип, Пожаране,15 Виница, 14 Попова Шапка, 13 Битола, Прилеп, 12 Дебар, 10 Куманово, Тетово, Крива Паланка, 9 Скопје-Петровец, Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 7 Велес, 6 Кавадарци, 5 Пожар, 4 Струмица, Берово, 3 Дојран, Гевгелија.
Забелешка: Количините на врнежи се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 13.0, Дојранско Езеро 21.8.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
