Вести Свет Топ вести

Стотици летови во Италија откажани поради штрајкови, штрајкува и железницата

Стотици летови низ Италија се откажани, принудувајќи ги патниците во шпицот на туристичката сезона да бараат алтернативен превоз, откако синдикатите за воздушен транспорт продолжија со планираниот штрајк два дена откако од штрајк беше парализирана железничката услуга. Синдикатите бараат подобри работни договори и услови. Меѓу работниците кои штрајкуваат има пилоти, стјуардеси, ракувачи со багаж и аеродромски персонал.

Се откажа. Целото мое семејство, 35 од нас. Сите летови ни се измешаа. Тоа е ужасно. Навистина, навистина е ужасно, вели Стефанија Спатола, патник од Филаделфија.

Мислам, за нас, знаете, го сакаме Рим, па возбудени сме што ќе можеме да останеме уште неколку дена, но тоа е само фрустрирачки, очигледно, имам мало дете и само сакаме да се вратам дома сега. Но, ние имаме штрајкови во Англија, така што сме навикнати на тоа, реагира Лизи Лејк, патник од Лондон.

Во Италија ваквите штрајкови на транспортот се чести во лето, проследени со блокирање на патници и туристи. Оваа година, штрајковите го земаат својот данок во услови на туристички бум по двегодишните загуби од пандемијата. Националниот авиопревозник ИТА соопшти дека откажал 133 летови, повеќето од нив домашни, но неколку за европските дестинации како Мадрид, Амстердам и Барселона.

Не сме среќни да им создаваме непријатности на клиентите бидејќи тоа не е нашата цел. Нашиот фокус ќе беше да се обидеме да го одложиме или спречиме штрајкот доколку бевме повикани порано дури и од министерството, а не ден претходно. Сакавме да седнеме на масата и да го обновиме договорот. Тоа е нашата цел, апсолутно да не создаваме непријатности, вели Сара Ди Марко, претставник на транспортниот синдикат „Филт-Цгил“.

Синдикатите велат дека штрајкот е поради несогласнувањата и „апсолутно незадоволителниот“ договор со Малта Ер, која оперира со летовите на Рајанер. Компанијата пак објави белешка на својата веб-страница во која се извинува за откажувањата и другите прекини велејќи дека штрајкот е „надвор од нивна контрола“.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе