Вести Македонија

Гир за МИА: Во оценската мисија ќе има судии од земји членки на ЕУ

– Сите внимателно ги следевме настаните во Судскиот совет минатите месеци. Некои зборуваат многу отворено за ова, ние зборуваме отворено и сме многу загрижени. Која е обврската на Судскиот совет? Обврската на Судскиот совет е да ја заштити независноста, професионалноста и интегритетот на судиите, но некои од настаните во Судскиот совет покажуваат дека Советот не може да го направи тоа, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за МИА.

Тој додава дека како знак на загриженост, затоа што овој орган е клучен кога станува збор за владеење на правото, одлучиле да испратат оценска мисија.

– Ова буквално значи дека испраќаме луѓе на исти позиции, значи судии, луѓе кои биле дел од судските совети на различни земји членки на ЕУ, да дојдат, да видат каква е ситуацијата, да го разгледаат законодавството за да видат дали има одредени слабости кога станува збор за транспарентност, кривична одговорност, да се сретнат со сите засегнати страни со цел да видат како е спроведено, и потоа да дадат препораки кои би требало да го зајакнат Советот за да си ја заврши својата обврска, која, како што кажав, е да ја заштити независноста, интегритетот и професионалноста на судиите.

Според евроамбасадорот дали оценската мисија ќе биде успешна не зависи од неа. Вели дека и да ја имаме најдобрата оценска мисија во светот со одлични препораки, но сепак исходот од нејзиното работење ќе зависи од политичката волја на Владата, на судиите и на партиите, односно од тоа дали на судството ќе му биде дозволено да си ја заврши работата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе