Вести Свет Топ вести

Пази што јадеш – Бајден со предупредување за Пригожин

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин можеби е во животна опасност по минатомесечниот бунт во Русија.

„Би бил внимателен што јадам. Би обрнал внимание на менито“, рече Бајден на прес-конференција во Хелсинки.

„Блумберг“ наведува дека шегата на Бајден алудира на, како што се истакнува, „руските безбедносни служби кои користат нервни агенси и полониум за ликвидирање на политичките противници на Владимир Путин“.

Американскиот претседател од Хелсинки рече дека и лидерите на Самитот на НАТО во Вилнус разговарале оти не знаат каде точно се наоѓа Пригожин во моментот. Но, и за тоа дека бунтот би можел да влијае врз руските операции во Украина и иднината на „Вагнер“.

Пригожин по бунтот на 24 јуни замина во Белорусија, меѓутоа Кремљ оваа недела објави дека пет дена подоцна Путин одржал тричасовен состанок со лидерот на „Вагнер“ и останатите команданти на групата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе