Вести Свет Топ вести

Напад со нож во градинка во Кина, шест луѓе се убиени, меѓу кои три се деца

Шест лица, меѓу кои три деца се убиени во напад со нож во градинка во југоисточната кинеска провинција Гуангдонг.

Полицијата соопшти дека уапсила 25-годишен маж со презиме Ву во градот Лианџијанг.

Останатите жртви се наставник и двајца родители, пренесе АФП, цитирајќи локален градски претставник. Повредено е и едно лице.

Нападот се случил утринава во 07:40 часот по локално време, односно 23:40 во недела по Гринич.

Мажот е уапсен во 08:00 часот, а полицијата инцидентот го нарече „намерен напад“.

Сопственик на продавница кој работи во близина на градинката изјави за Би-Би-Си дека околината е затворена.

Насилниот криминал е релативно редок во Кина, но земјата забележа серија напади со нож во последниве години, вклучително и неколку во училиштата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе