Вести Македонија Топ вести

Агелер: Ако утврдите криминал околу коридорите 8 и 10д, гонете го

Ако има наводи за корупција околу коридорите 8 и 10д, истражете ги! Ако утврдите криминал, гонете го!“, вели амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер во интервју за Капитал. Во однос на тврдењата на опозицијата за корупција околу коридорите кои треба да ги гради компанијата „Бехтел&Енка“.

„Доколку истрагата утврди корупција, нека ја гони. Мора да има одговорност за секого, секаде. Во исто време, преголемата политизација на нештата понекогаш може да биде подеднакво штетна како и самата корупција со тоа што ќе спречи добри проекти да се движат напред и ќе испрати порака до другите потенцијални инвеститори дека водењето бизнис во Северна Македонија е премногу комплицирано и бирократско“, вели Агелер.

Проектот на Коридорите 8 и10д, посочува американската амбасадорка, ја претставува најголемата инфраструктурна инвестиција во историјата на оваа земја, а придобивките за граѓаните се огромни: голем број добри работни места, договори со локални компании и снабдувачи, како и партнерство со една од најпочитуваните американски компании кои работат на Балканот и ширум светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе