Вести Македонија Топ вести

Жител на Тетово два пати за една недела нападнат од бездомни кучиња

За една недела двапати бил нападнат од бездомни кучиња пред зградата во која живее во Тетово. Сашко Дамевски, вели дека за среќа не се здобил со повреди, но чувствува голема вознемиреност. Револтиран од состојбата и неуспешните жалби во Општината, преку медиумите побара решавање на овој проблем кој ги засега сите жители во градот.

Два пати во рок од една недела сум нападнат и сега моментално сум под стрес. Не е сигурно за живеење едноставно. Значи и предходно пуштавме жалби, рекоа дека ќе се отстанат, но џабе. Не знам веќе што да правиме, дали може ова некако дефинитивно да се реши. Не знам друго што да кажам, нека дојде градоначалникот ќе му го дадам моето куче, нека се прошета самиот и да видиме дали ќе биде нападнат, изјави дамевски.

Откако заврши тендерот со кој во две акции биле заловени 82 бездомни кучиња, подолго време нема никакви активности на терен за нивно третирање. Не е ни на повидок долговетуваниот стационар. Од локалната самоуправа со одговор дека проблемот е стар и актуелен секаде и дека бараат долгорочно решение.

Сите знаеме дека се работи за еден проблем којшто не бил сериозно третиран со години и со кој се соочува не само Тетово, туку и целата држава. Ние како Општина Тетово работиме на изнаоѓање на некое долгорочно решение за овој проблем затоа што знаеме дека се потребни и време и финансиски средства. Во меѓувреме бараме трпение од граѓаните но и помош да пријавуваат случаи на истовар на бездомни кучиња од други населени места во нашиот град што знаеме дека во последно време се случува многу често, рече портпаролката на општината Милена Вучевска.

Во првата половина од годинава во полицијата има 31 пријава од каснување од бездомно куче само во градот, а бројот е поголем ако се земат превид и случаите во руралните средини, каде исто така е актуелен овој проблем.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Комарците ќе касаат без контрола ако нешто не се преземе – Град Скопје поништил дел од тендерот за прскање

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Дел од ромските набљудувачи имале закани на избирачките места – бараат поголема безбедност на претстојните избори или се повлекуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе