Вести Економија Најважни

Ќе сопре ли исплатата на плати во земјава? Финансии без конкретен одговор, УЈП најавува генерален штрајк

Од финансии без конкретен одоговор, дали ќе ги исполнат барањата на УЈП или земјава ќе се соочи со финансиска блокада. Од министерството уште еднаш го повторија ставот – се преговара за нов Општ колективен договор кој ќе важи за сите во јавниот сектор. Од синдикатот на Управата за јавни приходи и денеска со предупредување – ако до крајот на месецов не ги добијат повисоките плати,  кои како што велат им следуваат според закон  и општиот колективен договор, се активира генералниот штрајк, што ќе значи целосна блокада на државата. Плати нема да се исплаќаат, даноци нема да се собираат.

„Се што е поврзано за права и обврски на бизнис секторот и физички лица, а треба да го спроведува УЈП, ќе биде оневозможено и ќе дојдеме до поголеми состојби на нарушување на поголеми состојби на општеството во целина“, вели Васе Недановски од синдикатот на УЈП. 

По, предупредувачкиот протест на Царина во петокот и од таму се чека на решение. Ако не го добијат додатокот на плата од 30 отсто, кој велат дека законски им следува, а никогаш не го добиле и тие ќе ги радикализираат протестите.

И додека од двете институции излегоа со предупредување дека нивните врати ќе се затворат и нема да работат, премиерот Ковачевски предлага проверка на имотната состојба на вработените во УЈП и Царина. Тврди дека не станува збор за ветинг, но смета дека со овој процес треба да бидат опфатени сите.

Новиот директор на Царина, Богоев го демантираше Ковачевски, интерни процедури за проверка на имотите имаат и сега.

„Секој царински службеник е должен да поднесе анкетен лист при вработување или при секоја промена на имотната состојба. Следејќи ги своите надлежности, Царинската управа иницира проверки на имотната состојба на вработените до надлежните институции“, велат од Царинската управа.

Со сличен став и од УЈП

„Со донесувањето на новиот Закон за спречување на корупцијата од 19.01.2019 година, надлежноста за водењето на постапките за испитување на имотот и имотната состојба, за избрани и именувани лица исклучиво е во надлежност на Државната комисија за спречување на корупцијата. Согласно претходниот Закон, обврска за поднесување на анкетен лист имаа и вработените на УЈП. Од друга страна согласно Законот на данок на личен доход, Управата за Јавни приходи има законска надлежност да води посебна постапка за потекло на имот, чие потекло не може да се докаже“, велат од УЈП.

Револотот на вработените во УЈП и Царина, институции кои се под капата на финансии, излезе на површина, откако Бесими одлучи да ги зголеми платите само во неговите редови, за околу 30 отсто заклучно со јануари. Во меѓувреме, синдикатите и Владата преговараат за нов Општ колективен договор и методологијата. И денеска има состанок на економско-социјалниот совет, но според информациите ССМ нема да присуствува.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Вреди“ тврдат дека ДУИ повикува на тивок бојкот за претседателските избори

Дејан Дејан

Штип одбележува годишнина од смртта на Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе