Вести Свет

Лелеци, плач и страв во Уганда по масакрот на 41 лице во средно училиште

Лелеци и плач наместо намевки, страв наместо радост, неподнослив молк наместо џагор и смеа. Голема трагедија го обви во црно малото гратче Мпондве на западот на мирната Уганда. Билансот на жртви по ноќниот напад на вооружена група, која се поврзува со Исламска држава, врз интернат на средно училиште засега е 41 убиено лице. Бројката, сепак, не е конечна, со оглед на сомнежите дека има и киднапирани. Родителите се уште се во исчекување на информации за нивните деца, надевајќи се на добри вести.

Делови од училиштето, како прозорци и фасада, се оштетени, внатрешниот дел на интернатот е опожарен и уништен. Некои од учениците се изгорени до непрепознатливост, други, пак, застрелани со огнено оружје или мачети. По извршениот масакр, вооружената група пребегнала преку порозната граница меѓу Уганда и Демократска Република Конго. Училиштето и понатаму е под силно обезбедување додека војниците продолжуваат да патролираат во областа.

Покрај 38-те студенти, во нападот загинаа и еден чувар и двајца жители на локалната заедница. Во соопштението на војската на Уганда се вели дека се киднапирани шест ученици кои биле земени како носачи на пленот на бунтовниците по грабежот на училиштната продавница.

Училиштето, кое е ко-приватна сопственост, се наоѓа на околу два километри (нешто повеќе од една милја) од границата со Конго. Властите за масакрот ги обвинуваат Сојузничките демократски сили, мрачна екстремистичка група која со години врши напади од базите во нестабилното источно Конго. Нападите на угандската страна на границата, сепак, се реткост, благодарение на присуството на алпска бригада на армијата на Уганда, но не се целосно исклучени, како последниот кој предизвика шок во мирната источноафриканска земја.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лице од Крива Паланка делело бонови за гориво: МВР регистрирало низа нарушувања на предизборниот молк

Дејан Дејан

Израел со воздушен напад во Рафа во близина на египетската граница

Дејан Дејан

Си Џипинг вчера пристигна во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе