Вести Македонија

Дождот создаде проблеми и во Прилеп – се испумпува вода од семејни куќи, опасност од пропаѓање на асфалтот во близина на Кејот

Во изминатото денооноќие најмногу дожд од 21 литар на метар квадратен наврна во Прилеп, а обилните врнежи предизвикаа поплави во неколку семејни куќи на повеќе локации низ градот. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека прилепската Противпожарна единица вчера интервенирала за испумпување на вода од поплавени простории во семејни куќи на улиците „Ердован Шабановски“, „Ножот“, „Борка Утот“ до доцните попладневни часови. И од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека нивните екипи се постојано на терен и интервенираат во повеќе индивидуални објекти.

Обилните врнежи во изминатите денови предизвикаа и оштетување на коритото на Дабничкиот канал каде има дупка на улицата „Кеј 19 Септември“, што е опасност за минувачите, а при минување на потешки возила, асфалтот може да пропадне. Од јавните претпријатија веќе го исчистија каналот во кој е исфрлено ѓубре, а местото е привремено санирано и обележано, во наредните денови ќе се бара трајно решение.

Инаку од вчера во 14 часот нормализиран е сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско, кој беше во прекин седум часа,  поради излевање на Раечка река кај новите тунели на автопатот во изградба. Изведувачите на автопатот, „Сино Хидро“, со механизација ја испумпуваа водата, а екипи на ЈП за одржување патишта ги отстранија наносите од земја и камења на патот. Нивото на водата на Раечка Река се намали и почна да се повлекува и нема опасност од нови излевања.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе