Вести Свет Топ вести

Српско сценарио во училиште во БиХ – малолетник пукаше и тешко рани професор кој бил и заменик директор

Регионот утрово го потресе нов случај на пукање со огнено оружје во училиште. Доаѓа од Лукавац во Босна и Херцеговина, каде малолетник пукал во вработен кој е хоспитализирана со неколку прострелни рани во вратот и се наоѓа во тешка, но стабилна состојба.

Според босански Аваз, пукањето се случило околу 8 часот и наводно станува збор за поранешен ученик кој бил префрлен во друго училиште поради лошо поведение и однесување. Тој испукал неколку куршуми во наставник по англиски јазик за чиј живот се борат лекарите во Клиничкиот центар во Тузла. Според официјални информации, во инцидентот нема повредени деца, а малолетниот насилник е уапсен.

Повреденото лице е син на Исмет Османовиќ, поранешен пратеник во федералното Собрание на Партијата за Демократска Акција.

„Точно е. Стануца збор за мојот син. Тој беше професор по англиски јазик и заменик на директорот на училиштето. Операцијата е во тек, лекарите ми рекоа дека е во стабилна состојба“, изјави Исмет Османовиќ.

Локален политичар од Лукавац, пак, изјави дека ученикот и претходно одел во училиште со оружје, за што објави и СМС пораки дека бил пријавуван во тамошното Министерство за внатрешни работи. Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ побара итна реакција од сите надлежни органи, со цел да се превенираат трагедии од таков тип во иднина.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе