Вести Свет Топ вести

Ограничување на пристапот на Косово до ЕУ фондовите и суспензија на посети на високо ниво – Брисел со мерки за официјална Приштина

Ограничување на пристапот до европските фондови и прекинување со посетите на високо ниво. Ова се мерките што ги објави портпаролот на Европската комисија, Петер Стано на брифинг во Брисел, по одбивање на владата во Приштина да ја деескалира ситуацијата.

„И покрај нашите апели, премиерот Албин Курти не презеде одлучувачки акции за намалување ан тензиите. Европпската Унија подготви низа на мерки кои може да се применат веднаш“, рече Стано.

Како што нагласи, тие мерки вклучуваат „суспензија на посетите на високо ниво, контакти, случувања, како и финансирање на соработката со Косово“.

Тој притоа потенцира дека мерките не се санкции и ќе може да бидат укинати по преземање на одредени чекори. Но, нагласи дека идентични мерки може да бидат преземени кон двете страни во дијалогот, доколку не соработуваат за намалување на тензиите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе