Вести Свет Топ вести

Египет со барање за членство во БРИКС, Макрон побарал да присуствува на самитот на организацијата во август

Египет поднел барање за членство во БРИКС, изјави рускиот амбасадор во Каиро, Георгиј Борисенко. Тој додаде оти Египет сака да ја зголеми економската и трговска размена со Москва и најави оти во тек е создавање на нови механизми на плаќање во трговските трансакции.

Министерите за надворешни работи на државите членки во БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка се состанаа во Кејптаун на 2 јуни, а на состанот имало претставници на уште 12 земји кои сакаат да влезат во таа организација.

Во Кејптаун биле претставници на Аргентина, Бангладеш, Коморски острови, Куба, Демократска Република Конго, Египет, Габон, Индонезија, Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Венецуела.

Иранскиот претседател Ибрахим Раиси, претходно, на состанок во Каракас изјави дека расте улогата на регионалните организации во формирање на нов мултиполарен свет. Тој, исто така, порача дека неговата земја е подготвена за придружување во БРИКС.

Весникот „Опинион“, повикувајчи се на свои извори, објави дека францускиот претседател, Еманујел Макрон побарал од неговиот јужноафрикански колега, Сирил Рамафоса да му дозволи да учествува на самитот на БРИКС во август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе