Вести Македонија Топ вести

Образовните институции со хиперпродукција на медицински кадар, здравствените во недостиг

Здравствените установи се соочуваат со огромен недостиг на медицински кадар и покрај тоа што, според државна Статистика, лани на три факултети во Македонија медицина завршија 879 лица, со што оваа е најголема бројка на дипломирани студенти од сите останати високообразовни установи. Најмногу, 333, дипломираа на Факултетот за медицински науки на Тетовскиот универзитет, на Медицинскиот факултет во Скопје завршија 298 лекари, а 248 здравствени работници продуцираше Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Овие бројки покажуваат хиперпродукција на дипломиран медицински кадар во споредба со завршените студенти во изминатите години. Во 2017 година вкупно дипломираа 619 студенти. На УКИМ таа година завршија 209 лекари, во Тетово 162 медицински работници или, речиси, половина помалку од лани, а двојно е помал бројот на дипломирани студенти и на штипскиот факултет за медицински науки во 2017 година во однос на лани.

Универзитетскиот професор Дејан Трајковски во неговата статистичка анализа повлекува паралела со продукцијата на здравствени работници во развиените земји, повикувајќи се на податоци од Организацијата за европска економска соработка – OECD.

Во Германија, годишно дипломираат 12 здравствени работници на 100.000 жители, во Франција – 10, во САД 8, а во Македонија – 879 на 1,8 милиони жители или 49 на 100.000.

И битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ најави дека ќе поднесе иницијатива до Владата, Високата медицинска школа во Битола да прерасне во Факултет за медицински науки, со образложение дека во државата има недостиг од лекари.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе