Вести Свет Топ вести

Вучевиќ: Вучиќ ќе биде лидер на новото движење во Србија, нема причина за страв

Новиот претседател на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, денеска изјави дека СНС ќе се приклучи на Народното движење, односно на Движењето за народот и државата, каде што како лидер го гледа Александар Вучиќ.

Ние сме први до него, кога велам ние – зборувам за СНС. Нема разделба, па сега некој да се исплаши или збуни. Ќе видиме дека партијата продолжува да работи во ист ритам, секако со истата политика, овие кадровски решенија се дел од партиската политика на континуитет, изјави Вучевиќ за ТВ Прва.

Како што додаде, ќе ја зачува СНС како најсилна партија во Србија, „мотор на развојот на Србија и најголема поддршка за претседателот на државата“ Александар Вучиќ, кој најави формирање на ново движење чие официјално име допрва треба да се утврди.

Тоа не беше развод, немаше разделба, туку мирна транзиција, бидејќи Вучиќ сигурно не ја напушта партијата, но нема да ја води како претседател како во претходните 11 години, нагласи Вучевиќ.

Тој рече дека на собранието на СНС имало многу емоции, пред се кај делегатите и членовите на партијата и дека тоа е на некој начин почит за Александар Вучиќ за начинот на кој работел и ја водел партијата и за односот што го изградил со членството, со луѓето кои се енергијата и силата на СНС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе