Вести Свет Топ вести

Двајцата кандидати на претседателските избори во Турција веруваат во победа

Екипата на Телма денеска беше во истанбулската општина Бајрам Паша каде како и во целата држава точно во 8 часот по локално време, или 7 по македонско, беа отворени гласачките кутии и како што изјави претседателот на државната изборна комисија Ахмет Јенер гласањето се одвива без пороблем и најави дека резултатите можат во овој круг да бидат познати и порано од објавувањето во првиот.

Сакам резултатите од изборите да бидат од корист за турскиот народ, турската демократија, политичките партии и претседателските кандидати, изјави тој

Гласањето ќе заврши во 17 часот по локално време. Во Бајрам Паша гласаат и жители кои потекнуваат и од Македонија, и Босна и Херцеговина, а вкупно во Турција треба да гласаат 64 милиони гласачи.  Точно на пладне во исто време гласаа двајцата кандидати, Реџеп Таип Ердоган и Кемал Киричдароглу и буквално во исто време ги дадоа изјавите. Државната ТРТ и новинската агенција Анадолу ја пренесоа изјавата на Ердоган а проопозициските медиуми изјавата на Киричдароглу.

Ердоган изјави дека во ниту една држава во светот излезноста не била близу 90% како што беше во првиот круг на 14 мај.

Во историјата на турската демократија прв пат одиме на втор круг на гласање. Првиот круг беше на 14-ти Мај, вториот на 28-ми. Како што знаете дега немаме партии туку само двајца кандидати и нашиот народ ќе ги даде гласовите за овие двајца кандидати. Се надевам дека гласањето ќе заврши мирно, но во турската демократија за гласањето на претседател немало до сега толку голема излезност, но и во целиот свет. На толку голема излезност Турција одговори со демократија и се надеваме дека така ќе биде и денеска, и ги замолувам граѓаните, до последен, да излезат на гласање, порача ердоган.

Киричдароглу порача да ги чуваат гласачките кутии бидејќи според него овие избори се многу тешки.

Чувајте ги гласачките кутии безбедни, бидејќи овие избори се многу тешки. Ви благодарам на сите што излеговте да гласате, благодарам на целиот мој народ. Од моето срце ги испраќам моите најдобри желби, поздрави и честитки, рече Киличдароглу.

Гласачите на Турција имаат поделени мислења, едни се повикуваат на заложбите на Ататурк и се надеваат на подобар живот, пред се во економијата и животниот стандард, додека другите се задоволни од владеењето на Ердоган, затоа што ги исполнувал ветувањата.

Ердоган води по првиот круг за 4,7 % и се надева на победа. Доколку победи Ердоган, се подготвува прослава и овде во Истанбул пред седиштето на партијата а опозицијата подготвува исто така прослава затоа што се надева на победа, особено овде во Истанбул. Колку за потсетување, во Истанбул разликата беше во корист на Киричдароглу 48.5 наспроти 46. 6 за Ердоган, во Анкара 47.3% наспроти 46%, а во Измир, кој е традиционално опозициски град, разликата е поголема 68.3% наспроти 31.4%.

Најголема разлика опозицијата направи во Дијарбакир во источна Турција, 71.9% наспроти 26.4%. Таму се следи со интерес гласањето бидејќи во овој дел има курдско население и очекувањата се дека повторно ќе има поголема разлика во корист на Киричдароглу.

Но, она што е интересно е дека Ердоган направи голема разлика во гласови во подрачјата погодени со змејтресот, како на пример во Караманмараш каде што резултатите беа 71% наспроти 22% во негова корист. додека во Сивас соодносот беше 69 % наспроти 24 %, а во Малатиа 69% наспроти 27%.

Опозицијата се пожали на гласањето во Урфа, велејќи дека има притисоци и дека таму и мажи гласале наместо жените, а на Твитер објавија уште некои забелешки.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе