Вести Свет Топ вести

Вишото јавно обвинителство во Белград ќе испитува дали мајката на 13-годишниот убиец извршила кривично дело „запуштање на малолетно лице“

Вишото јавно обвинителство во Белград ја презема преткривичната постапка од Првото основно јавно обвинителство против мајката на 13-годишното момче кое уби осум ученици и лице од обезбедувањето во ОУ „Владислав Рибникар“ и ги рани наставничката и уште шест ученици од кои едно девојче, кое во меѓувреме почина, објавува српски Курир.

Случајот е преземен заради концентрација на докази, бидејќи пред ВЈТ во Белград веќе се води кривична постапка против таткото на момчето.

  • Против мајката се води преткривична постапка со цел да се утврди дали во нејзиното дејствие се содржани елементите на кривичното дело „Запуштање и малтретирање малолетно лице“, додека за таткото се води истрага за кривично дело „Тешки дела против општата безбедност“, и ќе се испитува и дали во неговото дејствие евентуално се стекнува со елементите на кривичното дело „Запуштање и злоупотреба на малолетно лице“ – се наведува во соопштението на ВЈТ.

Инаку, на Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето (13) и за ова да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали претходно наведеното семејство било во евиденцијата на тој орган.

Клучното прашање на кое мајката требаше да одговори во текот на рочиштето беше што последно и кажа синот пред да го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе