Вести Свет Топ вести

Tензии во Косово: Запален полициски автомобил, судир со полицијата и прекината настава – Вучиќ ја стави војската на готовс

Напнатата ситуација во српските општини Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ на северот од Косово која се создаде откако специјалните сили на косовската полиција и новоизбраните градоначалници во општините што Србите не ги признаваат, ескалираше попладнево кога дојде до судир меѓу собраните српски граѓани и полицијата во Звечан.

Се слушнаа и рафали,  запалено беше полициско возило, а имаше фрлени и шок бомби. Припадниците на косовската полиција фрлија солзавец пред зградата на општината за да ги растера насобраните Срби, а некои медиуми јавуваат дека во Звечан одекнале и три детонации.

Подоцна, припадници на косовската полиција влегоа во зградата на општината, оставајќи зад себе на улицата огромно количество чад од солзавец и шок бомби. Оклопни возила и специјални полициски единици се сместени пред зградата на општината.

Сирени за тревога се огласија и во Косовска Митровица и во Лепосавиќ. И тука косовските Срби излегоа пред општинските згради кои беа чувани од косовската полиција, но и неколку оклопни возила. Српскиот претседател Вучиќ ја стави во борбена готовсност српската војска.

Од косовската полицијата соопштија дека само им помагаат на новоизбраните градоначалници да го остварат своето право на работа во официјалните општински згради.

Новоизбраните градоначалници во овие три мнозински српски општини положија заклетва на 25 мај, со што ја презедоа локалната власт на северот на Косово. Тие ги презедоа своите должности во јавни згради бидејќи во општинските згради, во кои се наоѓаат привремените општински тела кои работат во српскиот систем, не им беше дозволен пристапот.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе