Вести Свет Топ вести

Лукашенко навестува- нуклеарното оружје веќе е во Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека нуклеарно оружје веќе е во Белорусија, бидејќи Русија и Минск во четвртокот потпишаа договор за формализирање и распоредувањето на тактичкото нуклеарно оружје на Москва на територијата на нејзиниот сојузник, иако контролата на оружјето останува кај Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин најави распоредување на оружје со помал дострел во Белорусија на почетокот на оваа година, потег што нашироко се смета за предупредување за Западот додека ја засили воената поддршка за Украина.

Не беше објавено кога ќе биде распоредено оружјето, но Путин рече дека изградбата на складишта за нив во Белорусија ќе биде завршена до 1 јули.

Исто така, нејасно е колку нуклеарно оружје ќе се чува во Белорусија. Лукашенко пак пред новинарите во Москва рече дека „преместувањето на нуклеарните боеви глави“ веќе започнало.

Владата на САД верува дека Русија има околу 2.000 парчиња тактичко нуклеарно оружје, кое вклучува бомби што можат да се носат со авиони, боеви глави за ракети со краток дострел и артилериски гранати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе