Вести Свет Топ вести

Европол разби моќна криминална група од Западен Балкан, која трговија со дрога и оружје ширум Европа

Разбиена моќната криминална ќелија, главно вклучена во трговија со дрога и оружје ширум Европа.

Меѓу уапсените е и нивниот лидер, државјанин на Босна и Херцеговина, кој во моментот отслужува затворска казна во Италија, од каде што, според агенцијата, ги организирал и координирал активностите на бандата.

Во меѓународна полициска акција уапсени се 37 лица поврзани со, како што се наведува, многу насилна криминална банда од Западен Балкан, соопшти Европол.

Акцијата, која опфаќа повеќе симултани рации во повеќе европски земји, била координирана од команден центар во Загреб, Хрватска, со поддршка на службеници на Европол распоредени на терен.

За време на полициската акција запленети се околу 148.000 евра во готовина, 18 парчиња огнено оружје, меѓу кои два митралези, и 500 грама ТНТ со далечински детонатори, 15 килограми кокаин, 11 килограми хероин, како и одредени количини амфетамин, марихуана и хашиш.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе