Вести Економија Најважни

Раст на домашната економија од 2,1 отсто – НБРМ со пониски проекции од владините

Владата да внимава каква каматна стапка ќе понуди на граѓаните за граѓанската обврзница која ќе биде издадена наредниот месец, сугерираат банкарите. Ова е нивниот став откако министерот за финансии, Фатмир Бесими вчера кажа дека граѓаните сега ќе можат своите заштети да ги користат за купување на новата обврзница. Каматата не е дефинирана, но највероајтно ќе биде повисока од банкарските депозити, а пониска од онаа на еврообврзницата. Од Македонската банкарска асоцијација (МБА), иако не очекуваат новиот инструмент да го наруши банкарскиот сектор, сепак, се надеваат дека државата ќе внимава, за да  не се испрати лош сигнал за цената на парите на пазарите. 

„Каматните стапки на депозитите и кредитите се формираат на пазарот, тие се пазарни категории и во крајна линија се поврзани една со друга. Оттука, за економијата во целина е најдобро доколку каматната стапка на граѓанската обврзница го следи и е блиску до нивото кое го има утврдено пазарот на депозити во овој момент“, порачуваат од МБА.

И од Народната банка не очекуваат граѓанската обврзница да влијае на работата на банкарскиот сектор, а граѓаните масовно да ги вадат заштедите од банките. 

„Со оглед на најавата дека станбува збор за издавање на обвзрница од 50 милиони евра, тоа е исклучетелно мал износ во однос на депозитниот  потенцијал на банкарскиот  систем  и не се очекува да има некој позначајни ефекти врз банкарскио систем“, вели гувернерката на НБРМ, Атина Ангеловска Бежоска. 

Дали и натаму ќе расте основната камата од која зависат каматите на кредитите и депозитите, Бежовска вели дека тоа ќе зависи од случувањата. Како и владата, така и Централната банка прогнозира едноцифрена инфлација во следниот период, од 8 до 9 проценти. Министерот Бесими вчера рече дека сега не е најповолен момент да растат платите и на вработените во јавниот сектор,  затоа што тоа може да има импликации на инфлацијата. Во меѓувреме, фунцкионерските пораснаа за 78 отсто. Но, дали зголемените примања на 1.060 функционери ќе ја подгреат инфлацијата, од НБРМ по консулатиции со финансии ќе може да направи анализа. 

„Во суштина не знаеме точно, немавме точна информација за да го видиме ефектот врз инфлацијата. Во консултации со финансии, можеме да правиме оценки и симулации колку тие би можеле да влијаат врз инфлацијата“, додава Ангеловска Бежовска.

Очекувањата на Народната банка се дека годинава македонската економија ќе има раст од 2.1 процент. Проекцијата е слични на оние од меѓународните институции, но пониска од онаа на Владата, која очекува раст од 2,9 отсто.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе