Вести Македонија

Прво Деловник, па Иницијатива за уставни измени

Работната група за уставни измени попладнево продолжува со работа. Се очекува да се финализираат Деловникот и Методологијата за начинот на кој ќе работат во наредните денови.

Претседателката на Работната група, Маргарита Цаца-Николовска објаснува дека нема рок во кој треба да ја изготват Иницијативата за менување на Уставот. Но, најавува дека откако ќе ги утврдат принципите, ќе ја интензивираат работата. Владата очекува да го утврдат текстот во наредните неколку недели, по што ќе биде објавен, ставен на јавна расправа и доставен до Собранието.

Во овој тим членуваат 10 експерти по уставно право и поранешни судии во Уставниот суд, 10 партиски претставници и по еден од кабинетите на претседателот, МНР и Секретаријатот за европски прашања. ВМРО ДПМНЕ не делегираше претставник и стои на ставот дека во овој парламентарен состав – уставни измени нема да има.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе