Вести Македонија Топ вести

ЕУ се противи законите за коридорите да се носат со европско знаменце

Откако владата најави дека петте закони поврзани со изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д одат во Собрание со европско знаменце, Телма побара став од Делегацијата на ЕУ во Скопје за употребата на овој механизам во носењето на законите, за што од Делегацијата во кус пишан одговор, за Телма изразија загриженост за користењето на европското знаменце.

Од Делегацијата во одговорот наведуваат дека европското знаменце има за цел побрзо усогласување на македонското со европското законодавство, а во случајот на наведените закони поврзани со договорот со „Бехтел и Енка“, сметаат дека не се однесуваат на усогласување со такви стандари.

Ова е интегралниот одговор на Делегацијата на ЕУ во Македонија на прашањето: Дали за ЕУ е прифатливо предлог-законите за изградба на делниците од коридорите 8 и 10-д од договорот со „Бехтел и Енка“ да се гласаат со европско знаменце.

„Означувањето со ЕУ знаменце на законодавството има за цел да помогне да се забрза интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и затоа треба да има за цел да го усогласи законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ.

Во тековниот случај, се чини дека нацрт-законот не се однесува на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања.

Како што посочувавме во последователните извештаи на Комисијата за Северна Македонија, употребата на брзи процедури треба да се ограничи и да се применува само кога е оправдано да се унапреди реформската агенда на ЕУ. Не треба да се користи за скратување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во законодавниот дом“.

Пет закони за автопатите ќе се носат со европско знаменце

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе