Вести Македонија Топ вести

Пет закони за автопатите ќе се носат со европско знаменце

Владата усвои пет нови предлог закони кои ќе се носат со европско знаменце за да се забрза постапката во Собранието, а со тоа и почетокот на изградбата на коридорите 8 и 10 кои ќе ги изведува „Бехтел и Енка“.

– При скенирањето на нашиот систем, беше увидена можност автопатите да се реализираат побрзо временски и поевтино и нашите институции да бидат поефикасни. Наместо да чинат 1,5 милјарда евра, со сегашното актуелно законодавство има можност да чини поевтино 1,3 милијарда евра. Овие закони ги бараме ние како институции, не „Бехтел и Енка“, за поефикасен систем на градење, не само на автопатите, туку и на гасоводи и на железници – рече Артан Груби.

Владата понудила да се разгледаат измените на било која комисија која ја предводи опозицијата. Имајќи ја предвид блокадата на опозицијата, Владата на денешната седница усвои пет предлог закони кои ќе ги достави до пратениците.

– Со оглед на тоа дека ЕУ го стави коридорот на својата мапа на автопати, а има јавна дебата во собранието и во меиумите, одлучивме законите да се предложат со европско знаме. Ги замолуваме пратениците да не го поскапуваат овој проект за 150 милиони евра. Од нив зависи дали ќе се гради побрзо и поевтино или побавно и поскапо – додаде првиот вицепремиер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе