Вести Македонија Топ вести

Изготвување протоколи за училиштата и Национална стратегија за превенција на меѓуврсничко насилство , бараат експертите по масакрот во Белград

Итно изготвување протоколи за училиштата со вклучување на надлежните министерства за образование , труд и социјала и за внатрешни работи, за едукација на стручните соработници и наставниот кадар,  за препознавање и постапување во случаи на меѓуврсничко насилство. Ова го бараат социолозите  по вчерашниот масакар во белградското училиште „ Владислав Рибникар“, каде тринаесетогодишник уби 8 ученици и вработен во обезбедувањето. Според социологот Татјана Стојаноска- Иванова, протоколите треба да се преточат во долгорочна Национална стратегија.

  • Национална стратегија подразбира протоколи, едно системско решение кое што ќе мподразбира и начин на превенирање, но и работа и со ученикот кој што е жртва на булинг и со оној кој што е насилник. И работа со семејството, работа со стручните служби. Значи , еден целокупен протокол кој што ќе ги опфати сите аспекти. Од психолошки, социолошки, правни, кои што се круцијални, Татјана Стојаноска Иванова, професор по социологија

Поединци го подржаа малолентниот убиец, нарекувајќи го на социјалните мрежи – крал , најсилен, дека постигнал добар резултат во однос на бројот на жртви, но и го славеа ранувањето на наставничката по историја. Професорката Стојаноска Иванова предлага засилување на контролата врз младите, за тоа што гледаат и споделуваат на социјалните мрежи.

  • Имаме нови модели на идентификација и имитација. Порано беа родителите , а сега веќе се некои нивни херои од видео игрите , од масовните медиуми. Тука значи е потребна контрола на она што се гледа , на она што се пушта, вели Татјана Стојаноска Иванова, професор по социологија

Неопходна е и промена на законите во однос на санкциите кон родителите и вклучување на центрите за социјална работа кои ќе вршат надзор .  Родителите треба да одвојат повеќе време со децата за разговор, за да ги чујат нивните потреби, но и за да им ги пренесат вистинските вредности. Тие треба да се вклучат и во спрегата за ресоцијализација, заедно со жртвата и насилникот.

Сотир Трајков 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе