Вести Македонија Топ вести

Mораториум на концепцијата и враќање на стариот учебник по историја бараат историчарите

Новиот предемет Историја и општество  што за шесто одделенците  се воведува од следната учебна годинам е неприфатлив за Здружението на историчари. Од таму бараат историјата да не се маргинализра и деградира,  да остане како посебен предмет, затоа што нејзиното  интегрирање   со географијата и граѓанското општество е погрешно, вештачки и не овозможува суштинско изучување на минатото.

  • Историјата како засебна наука е застапена со само една тема годишно, што според нас е недозволиво, бидејќи се деградира еден цел научен предемет. Таквото изучување на историјата не овозможува сеопфатен пристап и методично изучување, туку се учи само содржински и поимски, вели Васко Гичевски од Здружението на историчари.

Од Здружението на историчари предупредуваат дека избрзаното донесување на нови наставни програми и експресна подготовка на учебници, веќе е потврдено дека  предизвика штетни последици за образовниот систем. Бараат Министерството да проглaси мораториум на Концепцијата за основно образование, а  до изработка на нова да се користата досегашните програми

  • Новата програма по историја и општество се уште не е готова, еве го крајот на учебната година, а до септември треба да се напише учебникот. Кога ќе ја донесат програмата, кога ќе се пишува учебникот, кога ќе влезе во употреба?! . Многу несериозен пристап, се се прави на брза рака и доведува до страшен неквалитет. Ние бараме мораториум на Концепцијата, повторно да се отвори јавна дебата и да направиме нешто ново, нешто квалитетно, вели Васко Гичевски, Здружение на историчари.

Поради  новата наставна програма, велат дека во прашање  се донесени и работните места на наставниците по историја, затоа што ќе се намали фондот на часови. Од Министерството за образование неодамна за Телма соопштија дека во финална фаза е подготовката на наставната програма, по што ќе биде јавно достапна. Од  Бирото за развој на образованието рекоа дека ниту еден наставник нема да остане без работа. Доколку им недостигаат часови ќе ги надополнуваат со одредени наставни активности.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе