Вести Свет Топ вести

(видео)Tемен облак го проголта Истанбул- редок метеоролошки феномени

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Истанбул ненадејно е зафатен во темнина во форма на темен облак.

Од турскиот метеоролошки институт пристигна појаснување дека „над Истанбул поминал облак со дебелина од 7 километри. Во меѓувреме, сонцето исчезнало 5 минути, а денот се претворил во ноќ. Некои коментираат дека апокалипсата доаѓа…“

Кога темен облак се движеше над Истанбул, почна да врне силен дожд. Необичната глетка ги преплаши граѓаните на градот на Босфорот.

Сајтот TechnoPixel, кој се занимава со слични метеоролошки феномени, сугерира дека овој густ облак би можел да биде особено голем кумулонимбус со темна боја.

Кумулонимбусните облаци, познати и како громови, често имаат темна, ниска основа, достигнувајќи само неколку стотици метри над земјата. Тие се единствените облаци кои произведуваат грмежи и молњи, а водат и до обилни врнежи. Тие можат да изгледаат екстремно темни бидејќи пропуштаат многу малку или воопшто не пропуштаат светлина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе