Вести Македонија Топ вести

Полни тезги со зеленчук, празни паричници – цените вивнати во пресрет на празникот Рамазан

Цените на зеленчукот се вивнати и не се почитува никакво ограничување. Пропаднаа обидите на Владата да ги контролира цените на овошјето и зеленчукот со цел да се подостапни. Граѓаните се гневни и се чувствуваат измамено. На тетовскиот пазар во очи празникот Рамазан, тетовчани се пребројуваат што можат да си дозволат. Тезгите се полни производи, но не и нивните паричници.

И на скопските пазари граѓаните слично кометираат. Високите цени го направија зеленчукот недостапен, а килограм домати достигнува цена и до 190 денари.

Струмичките производители, пак, велат дека целиот пристап за замрзнување на цените е погрешен, бидејќи е речиси невозможно да се формира гранична цена за домашното производство додека трае сезоната.

Владата ги замрзна па ги коригираше цените на некои видови зеленчук и овошје. Така, според објавените максимални цени, килограм краставици и домати треба да се продаваат за 95 денари за килограм, но речиси да нема продажно место каде можете да ги најдете по овие цени.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе