Вести Македонија Топ вести

Собранието денеска треба да почне со расправа за формирање на Агенција за борба против висока корупција

Македонското Собрание денеска треба да почне со расправа по Предлог законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, што е поднесен од пратеникот Павле Трајанов.

„За првпат во Македонија се формира независна Агенција за борба против тешките облици на криминал, над која нема да има партиско и политичко влијание или влијание од носителите на високи политички и државни функции. Во законот се вградени системски решенија кои ја гарантираат самостојноста на Агенцијата при откривање и документирање на криминал со огромни димензии. Оваа Агенција треба да открива тешки облици на криминал, да поднесува кривични пријави, да предлага конфискација на имотот стекнат на криминален начин, како и да предлага забрана на политичко дејствување“, велат од Демократскиот сојуз (ДС).

Со Агенцијата, според предложеното законско решение, е предвидено да раководи директор кој ќе го избира тело од 12 лица со висок интегритет и резистентни на политички и коруптивни влијанија. Во Агенцијата ќе се ангажираат околу 40 врвни професионалци, со посебни права и овластувања, нагласуваат од ДС.

Законот е дел од проектот ДЕКРИ, по чиј урнек такви независни институции се формираа во БиХ, Србија, Хрватска, Словенија, Англија, Црна Гора и други држави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе