Вести Македонија Топ вести

Ковачевски: И по актуелните законски решенија, може да се работи над 40 часа неделно, со согласност на работникот

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека и според актуелните законски решенија, може да се работи над 40 часа неделно, со согласност од работникот. Одговарајќи на новинарско прашање за огласот што го објави Јавното претпријатие за државни патишта за вработување на работници кои ќе работат на изградбата на четирите автопати од двата коридора 8 и 10д и дали ангажираните работници ќе работат неделно со 40-часовно работно време, тој рече дека и сега има голем број на работници кои работат и 50 часа по нивни избор и со нивна согласност.

„Ние во нашата држава во моментот имаме закони кои што важат. Доколку се донесат законски решенија кои што ќе предвидат други услови за работа, тогаш ќе се аплицираат тие други услови за работа. Инаку и сега кај нас, согласно со законските решенија, може да се работи повеќе од 40 часа, односно 50 часа. Така што има голем број работници кои работат и 50 часа по свој избор и со нивна согласност“, рече Ковачевски кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска беше во општината Бутел, на увид на изградбата на најголемата социјална зграда во државата.

Ковачевски истакна дека според договорот 51 отсто од работите треба да ги изведат македонски подизведувачи, а другиот дел се странски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе