Вести Македонија Топ вести

Доставете ни го Договорот со „Бехтел&Енка“ на увид за да можеме совесно и одговорно да гласаме – група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со барање до Ковачевски

Во најкус можен рок да ни го доставите Договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10Д потпишан на 8.03.2023 меѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“, гласи барањето на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ до премиерот Димитар Ковачевски.

„Доколку овој Договор е класифициран со степен на доверливост, во прилог Ви доставуваме и наши безбедносни сертификати кои според член 37 од Законот за класифицирани информации ни овозможуваат пристап до владини документи „државна тајна“, се наведува во барањето потпишано од група пратеници.

Барањето, како што потенцираат, го засноваат на член 68 од Уставот (Собранието врши контрола над Владата), член 122 од Деловникот на Собранието (работните тела можат да бараат податоци и информации од органите на државната управа) и Законот за класифицирани информации кој е заснован на принципот „потребно е да се знае“.

 

Тие укажуваат на потребата пратениците да го имаат на увид наведениот Договор за да можат одговорно да ја извршуваат функцијата и совесно да гласаат „за“ или „против“, бидејќи, како што нагласуваат, сите предложени измени се поврзани со извршување на Договорот за коридорите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе