Вести Македонија Топ вести

Во Скопје и Штип ќе се произведуваат компоненти за „Тесла“ и „Епл“ – тајванска инвестиција од 205 милиони евра

Од Тајпеј за Телма

Боби Христов

Со тајванска инвестиција во Македонија ќе се произведуваат делови за „Тесла“ и „Епл“. Во Тајпеј потпишан договор за најголемата инвестиција од самостојноста, тежок 205 милиони евра со тајванската корпорација „Јагео“.

Отворање на 3.900 работни места и вкупна инвестиција од 205 милиони евра за 10 години, предвидува досега најголемиот инвестициски договор што денеска во Тајпеј го потпишаа директорот на Дирекцијата за технилошко-индустиски развојни зони, Јован Деспотовски и првите луѓе на тајванската корпорација „Јагео“.

„Позитивните искуства од „Кемет електроникс“, која во 2020 беше купена, а лани и официјално преземена од групацијата „Јагео“, биле една од причините Македонија да биде избрана како инвестициска дестинација меѓу неколку земји во регионот“, рече главниот извршен директор на „Јагео“, Дејвид Ванг.

„Направивме многу истражувања, но главната причина за нас да ја донесеме конечната одлука како групација беше 10-годишното искуств,о исто така, и позитивниот однос и поддршка на Владата. Тоа се двата најважни фактора за нас, стабилноста на државата и квалитетната работна сила“, додаде Ванг.

Два производствени капцитета ќе се градат во Скопје. Првиот во јули догодина, а потоа во втората фаза и во Штип. „Јагео“ планира производство на резервни делови и компоненти за електрични возила, како и софистицирана опрема за зелени технологии, но и развојни и истражувачки проекти во соработка со македонските универзитети. Или се заедно, според директорот на ТИРЗ, најголема гринфилд инвестиција во технологии на 21 век.

„Македонија станува дел од светската мапа“, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Со над 40.000 вработени, тајванската корпорација „Јагео“ е еден од нејголемите снабдувачи со делови и електроника за автомобилската индустрија, електронски компоненти за новите зелени технологии, 5Г телекомуникации, медицината, одбраната. На три континети има 49 производни капцитети и 20 центри за истражување и развој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе