Вести Македонија Топ вести

Една година по пожарот во некогашна Треска, започнува бетонизацијата на просторот, велат од „Шанса за Центар“

Се бараше да има зелена површина – се договори да се прават згради. По една година откако изгоре фабриката Треска, се расчистува купиштето ѓубре за да им овозможи на инвеститорите да прават станбени згради.

Општина Центар деновиве го издаде првото одобрение за купување на државно земјиште во поранешната фабрика Треска за дооформување на градежна парцела за изградба на згради тврдат од „Шанса за Центар“ што според нив значи дека инвеститорите се на чекор од добивање одобрение за градба и со тоа да почне бетонизација и на последното слободно парче во центарот на Скопје.

Година и половина измина откако стручната жири-комисија составена од девет члена ги објави резултатите од конкурсот за избор на идејно решение за локацијата. Оттогаш па наваму, од општината се глуви на повиците од јавноста да ги објават проектите и јавноста да види како е замислена неминовната бетонизација на просторот.

На барање на медиумите, од Центар се правдаат дека се транспарентни. На општинската веб- страница уште на 10 ноември 2021 година е објавен детален извештај за конкурсот на идејни решенија. Со имиња на членовите на жири комисијата и авторите.

Но, недостасува клучното- визуелен приказ на тоа што алармираат граѓанските активисти, односно бескрупулозното бетонизирање на секоја педа во просторот зад Буњаковец.

„Апсолутно не се работи за никакво „неконтролирано градење на згради“. Напротив, урбанистичкото планирање во Општина Центар, но и урбанизмот генерално во цела држава, подлежи на строга законска регулатива, озаконета во повеќе законски решенија. Постапките за издавање на Одобренија за градење се уредени законски и целата постапка се одвива електронски, преку системот за е-Дозволи, каде е евидентиран секој чекор од сите ушесници во постапката, со што можноста за било какви манипулации е сведена на минимум. Одобренијата за градење се издаваат исклучиво во согласност со законската регулатива, преку водење на управна постапка (дефинирана со Закон за општа и управна постапка) и Деталениот урбанистички план кој е на сила за конкретната локација, односно градежна парцела. Воедно, Ве информираме и дека Општина Центар е првата општина во државата која во интерес на јавноста, започна со јавно објавување на издадените одобренија за градење на секои 6 месеци, со цел јасен и недвосмсилен увид на јавноста во работата на општинскиот Сектор за урбанизам, велат од Општина Центар.

Поранешната фабрика Треска изгоре на 14-ти април 2022 година.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе