Вести Економија Македонија Топ вести

Поранешните директори на МЕПСО контра извештајот на ревизорите

Поранешните директори на МЕПСО од ДУИ и Алтернатива, со став за спорниот извештај кој вчера  го објави државниот ревизор. Според Муртезани кој до скоро раководеше со компанијата, неточен и целосно неоснован е податокот на ревизорот дека МЕПСО отпишал 14 милиони евра долг на приватни фирми. Тврди дека не е отпишан, туку резервиран и тоа  се прави во услови кога МЕПСО не е сигурен дека ќе може да го наплати.

  • Значи, станува збор за сметководствена операција за која менаџерскиот тим сметаше дека е непходна за да не се доведе до опасност опстанокот и функционирањето на компанијата. Притоа треба да се појаcни дека остварените, а ненаплатени приходи можеа нереално повеќератно да ја намалат тарифата за пренос, и со тоа да се доведе во прашање опстанокот на компанијата во време на енергетска криза– Орхан Муртезани- поранешен дирекор на АД МЕПСО.

Овие 14 милиони евра долг се направени во 2021 година кога  и почна кризата и за да се задоволат целосно потребите од струја, земјава ја влечеше од европската мрежа. За цела година  била повлечена електирчна енергија во вредност  од близу 70 милион евра, пишува во извештајот на ревизорот.

Тогаш со МЕПСО управуваше Рамадани, кој извештајот го оцени генерлано како точен. Но,смета дека има и добри работи за кој јавноста  не е доволно запознаена. Признава дека во услови на таква криза постоел ризик дека парите за влечењето на струја, со потешкотии  ќе се наплатат.

Според Државниот ревизор, Управниот одбор на Мепсо отпишал долг од 14 милиони евра на трговци со струја и тие пари биле препишани на трошок на компанијата кои се прикажуваат во РКЕ  и влијаат на крајната цена за струја, која ја плаќаат граѓаните. Претходно и Телма пишуваше дека од  У Повер, Енергија гас и Повер,  и Мист Енерџи, МЕПСО за балансираната енергија не може да наплати милиони.  Дел од нив добија и забрана за тргување со струја. Некои го  променија  името на компанијата и се вратија во играта. Сега, овие фирми се со блокирани сметки, приливи нема и со месеци не може да се наплати евро.

Ревизорот констатирал и дека директорот и членовите на Управниот одбор, откако ќе им заврши мандатот  добиваат  отпремнина од  12 месечни просечни плати на ниво на компанијата. Дека МЕПСО дал 9 милиони евра за ТЕЦ Неготино да може да се вклучи во било кое време, но  централата  не почнала  со работа во екот на кризата. Се наведува и дека има недоследности при доделувањето  пари за донации и спонзорства.

Инаку, Ревизорот пред конечноста на извештајот забелешкитете ги доствуваа до институцијата,  која има право на свој забелешки кои потоа ревизорот или ги прифаќа или не.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе