Вести Економија Македонија Топ вести

Договорот со „Бехтел и Енка“ е со вклучени законски измени

Ниту граѓаните, ниту пратениците кои ќе гласаат за законски измени, ниту бизнис секторот ќе го видат договорот кој Владата на 8 март го потшиша со конзорциумоиот „Бехтел Енка“. Првиот вицепремиер Артан Груби потврди дека на барање на инвеститорот е вментала клаузулата за доверливост која е преидена во членот 1 точка 12. Единствено Обвинителството го има добиено договорот но само затоа што отвори предмет околку фирмите за надзор а ќе биде побаран и од Антикорупциската комисија која исто така има отворено предмет. Согласност од Владата ја образложи дека тоа било начин на кој работел конзорциумот.

Владините претставници на денешниот брифинг не одговорија како дозволија управувачкиот комитет кој го препорача договорот да ја доведе во заблуда Владата да го прифати договорот бидејќи според сите објаснувања дадени денеска за 60 часовното работно време и можноста за продлжување на роковите јасно се поставува дилемата дали дебело платениот консултат од 300 илјади евра по човек преговарал и морал да ги штити интересите на државата преговарајќи за фиксни рокови согласни постојното законодавство а не согласно желби на инвеститорот и продолжени рокови како што е во случајот.

Вицепремиерот Груби потврди дека доколку не поминат законските измени изградбата на Коридорот ќе биде продолжена за најмалку шест месеци а доколку поминат како што е обврската во Договорот ќе биде завршена претходно. За автентичноста на дел од договорот кој го презентираше потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски, немаш коментар бидејќи тврди дека не го видeл.

Копјата ќе се кршат околу законот за работни односи и 60 часовната работна недела на работниците ангажирани на проектот. Ова беше прердвидено во првичниот закон за стратешко партнерство но оспорено пред Уставниот суд  кој го укина членот 12 кој ја предвидуваше оваа материја. Според владините преставници во договорот „Бехтел и Енка“ се обврзале да градат 23 километри автопат годишно на 4 делници за за тоа е потребно да има 60 часа реаботна недела.

Доколку пратениците кои нема да го видат договорот ги изгласаат законските измени Груби кажа дека по консултации со уставни експерти и поранешни уставни судии овој пат најверојатно ќе помине.

Но доколку не помине, според документот кој го презнтираше Николовски, државата ќе плати дполнителни 54,2 милиони евра  фиксни пенали и уште 900 илјади евра месечно за пет години односно вкупно 108 милиони евра за пет години доколку не поминат законските измени.

Владините преставници немаат прецизна сума колку ќе чини изградбата тврдејќи дека сумата од 1.3 милијарди евра е проценка доколку се изгласаат законските измени и проектот заврши во рок од 4 години и седум месеци. За се што е подолго одо овој период нема проценка.

Нејасно е и како ќе се одвива реализацијата на членот 11 од договорот за стратешко партнерство каде „Бехтел и Енка“ се обврзани да користат 51 отсто локални ресурски бидејќи не се прецизирании условите кои ќе им бидат понудени на домашните компании.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе